Екологија

Работна средба на Зелената група

10.04.2023 13:14

Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (зелена група) седнаа на маса до претставници на невладината организација „Eко-свест“ и Глобалниот еколошки фонд за Нацрт-законот за климатска акција и Фондот за животна средина. Очекуваат дека законот ќе биде готов до крајот на оваа година...

Со Законот за климатска акција се воспоставуваат механизми за следење и известување за стакленичките гасови. Но, за имплементација на правната рамка ќе бидат потребни многу административни капацитети, предупредуваат екологистите. Тие седнаа на маса со пратениците за да разгледаат што сè опфаќа решението, како да се спроведе во пракса, кои забелешки треба да се прифатат.

Не е важно само да се донесе закон што ќе остане на хартија, туку е потребно негово целосно спроведување.

Со законот за климатска акција се уредува воспоставувањето рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени. Треба да биде донесен до крај на годинава.

Ана Јосифоска Тодоровска