Медитеран
Брод со 400 мигранти остана без гориво и почнал да се полни со вода во Медитеранот
10.04.2023 14:28
Од службата за помош „Аларм Фоун“, велат дека во текот на ноќта добиле повик од бродот, кој испловил од Тобрук во Либија. На мигрантите им снемало гориво, засега не е почната спасувачката операција...

Брод со околу 400 мигранти без капетан плови меѓу Грција и Малта и се полни со вода. Од службата за помош „Аларм Фоун“, велат дека во текот на ноќта добиле повик од бродот, кој испловил од Тобрук во Либија. На мигрантите им снемало гориво, засега не е почната спасувачката операција.
Во последните неколку дена, илјадници мигранти стигнаа до Лампедуза, кој се наоѓа на само 150 километри од тунискиот брег.
