Нов Зеланд

Две торнада го погодија Окленд

10.04.2023 14:32

Две торнада погодија неколку делови на Нов Зеланд. Во Источен Окленд оштетени се 50 имоти, пожарникарите и итните служби на Нов Зеланд соопштија дека примиле околу 50 повици за помош...

Две торнада погодија неколку делови на Нов Зеланд. Во Источен Окленд оштетени се 50 имоти, пожарникарите и итните служби на Нов Зеланд соопштија дека примиле околу 50 повици за помош.

Во земјата, за 12 часа биле регистрирани 14 илјади удари од гром, по што силен дожд го погоди јужниот остров на државата. Најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд е погоден од торнадо, два месеца по разорниот циклон Габриел, кој нанесе големи штети на земјата.