Стимулирање зелени вработувања, нов прекуграничен ИПА проект
ИПА проектот „Стимулирање на зелени вработувања-клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации“ е еден од поважните кој треба со вмрежување на високонаучните потенцијали и бизнис секторот да доведе до поефикасно искористување на пограничните потенцијали на обновливи извори и да даде ефекти во борбата за почиста еколошка средина и зелени вработувања…

Високообразовната фела и стопанскиот сектор на двете земји со вмрежување на знаењата и искуствата во прекуграничниот ИПА проект „Стимулирање на залените вработувања-клучни точки за прекугранични образовни и технолошки предизвици“ ќе се обидат да ги изнајдат најдобрите програми со кои максимално ќе се искористат пограничните ресурси на обновлива енергија за поголеми ефекти во зачувувањето на животната средина и поголем број на зелени вработувања, кои во дел од нашите стопански субјекти веќе ги има.
Проектот ќе финишира кон крајот на годината. Со неговата имплементација освен пограничниот регион, бенефити за почист амбиентален воздух и позасилен локален економски развој добиваат и останатите општини од пелагонискиот плански регион.
Од ресорното министерство велат, од спроведувањето на законските решенија и имањето на потребен кадар ќе зависи кој од ЕУ роковите ќе го фатиме за зелена агенда.
Инаку, за овој прекуграничен проект добиени се 900.000 евра од кои една третина за нашата страна.
Стевче Митревски
