Новото парламентарно мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

10.05.2014 12:59

Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ќе работат со засилена динамика на зацртаните економски цели...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорија дека ќе формираат ново парламентарно мнозинство. На парламентарните избори  двете партии добија најголема доверба од граѓаните. Според заедничкото соопштение,во фокусот,согласно програмските определби, е економијата. Двете партии со  засилена динамика ќе се посветат на зацртаните економски цели.

Главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции и  економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции, се вели во заедничкото соопштение на двете партии.

Ќе се формира и заедничка мешовита работна група, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес.

До самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група редовно ќе ги информираат партиите за постигнатите резултати и спроведените чекори, мерките и реформите врз  основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на  партиите кои ја сочинуваат владата.

Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите,соопштија од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ.

Наташа Гркова-Петрушевска