Во битолската болница почина новороденче, ќе се испитуваат причините за смртта
По малата Јана, нов смртен случај ја тресе битолската болница. На одделението за гинекологија почина новороденче. Министерот за здравство Меџити, кој беше во болницата не откри многу детали – најави дека утре ќе дојде Комисија на државниот санитарен и здравствен инспекторат за да провери, дали е направен пропуст и како било постапувано. Родилката е 24-годишна жена, на која ова и била прва бременост...

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат повторно влегуваат во битолската Клиничка болница. Ќе се проверува дали има пропусти откако вчера на одделението за гинекологија починало новороденче. Министерот за здравство, Фатмир Меџити ги чека резултатите. Не откри многу детали, но рече – ако има пропуст ќе има одговорност. Родилката има 24 години и ова и било прва бременост.
Министерот рече дека ја посетил родилката за да изрази сочувство. Разговарал со неа затоа што се случувало откако била примена во болницата. Тој рече дека според првичниот извештај, бебето било живородено, со брадикардија или бавно биење на срцето. Додека се чека извештајот, министерот откри дека сè уште се чекаат и деталите од обдукцијата на малата Јана, која пред 20-ина дена почина исто така во оваа болница.
Александра Максимовска
