САД
Петмина убиени во пукање во Кентаки
10.04.2023 17:43
Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата...

Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата. Осомничениот напаѓач е мртов. По пукотницата шестмина биле донесени во болница.
Пукањето се случило во близина на бејзбол стадионот Слагер Филд во центарот на Луисвил.
Полицијата во Луисвил соопшти дека пристигнале повици за „активен агресор“ во 8:30 часот по средноевропско време.
Од граѓаните беше побарано да се држат подалеку од источната главна област на градот.
