Косово

Заробени рудари во косовскиот рудник „Трепча Југ“

10.04.2023 18:09

Десетици рудари од синоќа се заробени во косовскиот рудник „Трепча Југ“. Се наоѓаат на околу 900 метри под земја...

Десетици рудари од синоќа се заробени во косовскиот рудник „Трепча Југ“. Се наоѓаат на околу 900 метри под земја, а причината за инцидентот е проблем со струјата во лифтот.

Десетина успеале да излезат, уште 30-ина чекаат да се поправи дефектот за да може да излезат. На самото место се екипи на брзата помош и полиција.

Сите рудари се во стабилна здравствена состојба.