Битола
Обедниковски утре поднесува оставка од морални причини
10.04.2023 20:58
Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од функцијата...

Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од функцијата.
Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.
Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година, а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.
