Временска прогноза

Сончево со умерена облачност

11.04.2023 08:00

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени...

Времето денеска ќе биде умерено облачно, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје умерено облачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.