Собрание
Џафери на протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка
11.04.2023 08:20
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе има протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во земјава Петра Дрекслер...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе има протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. Амбасадорката Дрекслер на 6-ти овој месец му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Новоименуваната германска амбасадорка доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година.
