МВР

167 санкционирани возачи во Скопје

11.04.2023 09:03

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за непрописно престројување на возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден ,продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.