САД
Луисвил: Шест загинати во новиот вооружен масакр во САД
11.04.2023 09:15
Ранетите се пренесени во болница, меѓу кои има и двајца повредени полицајци. Жртвите се на возраст меѓу 40 и 64 години...

Банкарски службеник уби пет лица, а рани осум во вооружен напад во банка, во Луисвил, Кентаки. Меѓу убиените е и напаѓачот, кој во живо го пренесуваше пукањето на Инстаграм.
Ранетите се пренесени во болница, меѓу кои има и двајца повредени полицајци. Жртвите се на возраст меѓу 40 и 64 години. Во меѓувреме, жителите на Нешвил, Тенеси одржаа протест против насилствата со огнено оружје.
Ова е 146-та престрелка, со повеќе од четири повредени или убиени во Америка од почетокот на годината. Американскиот претседател, Џозеф Бајден, ги повика републиканците во Конгресот да преземат мерки за контрола на оружјето.
