ИРСКА
Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска
11.04.2023 09:26
Американскиот претседател Џо Бајден, денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт...

Челникот на Белата куќа Џо Бајден во посета на Северна Ирска. Денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт.
Се очекува тој да се сретне и со претставници на петте политички партии во Северна Ирска и да одржи говор на Универзитетот Алстер. Ова е прва посета на американскиот претседател на Северна Ирска по десет години.
По Северна Ирска, Бајден ќе замине во Ирска, каде ќе разговара за блиската билатерална соработка за низа глобални прашања. Бајден има ирски корени.
