ПЕКИНГ
Кина ги заврши воените вежби, тајванската претседателка со критики
11.04.2023 09:44
Кина ги започна вежбите во саботата, откако Цаи се врати во Тајпеј, по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти...

„Маневрите предизвикаа нестабилност на островот и во регионот и се неодговорни акции за таа голема земја“, напиша тајванската претседателка на Фејсбук, откако Пекинг ги заврши тридневните вежби околу островот.
Кина ги започна вежбите во саботата, откако Цаи се врати во Тајпеј, по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Пекинг го смета Тајван за своја територија.
