Свет
Еруптираше вулкан на Камчатка
11.04.2023 09:48
Исфрлен е облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај. Активирана е црвена тревога...

Еруптира вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка. Исфрлен е облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај. Активирана е црвена тревога.
Училиштата се затворени, властите им наредија на жителите на околните села да останат во затворен простор. Последната голема ерупција на овој вулкан се случи во 2007-ма година.
