Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски се промовира како олигарх, за народот поевтини макарони

11.04.2023 10:05

Ковачевски е и премиер и еден од сопствениците на една од најголемите компании во државата. Во исто време неговата сопруга влегува во милионски бизнис за изградба на фотоволтаична централа за чија потреба добива државно земјиште со амин на Груби. Семејството Ковачевски прераснува во олигархија, нагласуваат од партијата.

Димитар Ковачевски наместо премиер се промовира како олигарх. Наместо да работи за народот, Ковачевски работи за себе. Тој сам кажа дека има удел во една од најголемите компании во државата. Ковачевски вчера на изјава од настан рече: Јас имам свој удел во друга компанија, која што е една од најголемите компании во државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски е и премиер и еден од сопствениците на една од најголемите компании во државата. Во исто време неговата сопруга влегува во милионски бизнис за изградба на фотоволтаична централа за чија потреба добива државно земјиште со амин на Груби. Семејството Ковачевски прераснува во олигархија, нагласуваат од партијата.

Додека народот чека Ковачевски да работи во корист на државата, додека чека проекти и дела, Ковачевски сам се фали дека е сопственик на една од најголемите компании во државата, стои во соопштението.