Бесими на средба во ООН во Њујорк - РС Македонија 30 години дел од ООН
Република Северна Македонија е членка на Организацијата на Обединетите Нации 30 години. Во изминатиот период даде придонес во решавање на меѓународни конфликти и во зачувување на мирот и безбедност. Сега веќе како земја членка на НАТО продолжува да дава придонес во одржувањето на безбедноста и мирот во светот, а определбата да стане дел од Европската унија ја насочува да обезбеди развој и економски просперитет...

Бесими на средба во ООН во Њујорк – РС Македонија 30 години дел од ООН, значаен фактор за зачувување на мирот и безбедност, посветена на Глобалните цели за одржлив развој.
Република Северна Македонија е членка на Организацијата на Обединетите Нации 30 години. Во изминатиот период даде придонес во решавање на меѓународни конфликти и во зачувување на мирот и безбедност. Сега веќе како земја членка на НАТО продолжува да дава придонес во одржувањето на безбедноста и мирот во светот, а определбата да стане дел од Европската унија ја насочува да обезбеди развој и економски просперитет.
Ова беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во седиштето на ООН, каде разговараше со заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед како и со регионалната директорка за Европа и Централна Азија Ивана Живковиќ.
Тој додаде дека земјата добива континуирана поддршка од оваа меѓународна организација и дека значајни области во кои е насочена таа е зелената агенда или заштита на животната средина, унапредување на децентрализацијата, сузбивање на сивата економија и слично.
Со програмите на ОН се работи и на унапредување на фискалната децентрализација, ставање во функција на воспоставените два фонда со Законот за финансирање на локална самоуправа, Фонд за воедначување и Фонд за перформанси, како и за подобрување на капацитетите на општините за наплата на сопствените приходи. Се преземаат активности за сузбивање на неформалната економија, како и за поддршка на области кои се најпогодени од енергетската и ценовната криза. За поддршка во овие области веќе е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и УНДП, програма на ОН.
Министерот за финансии средбите во ООН ги одржа во рамки на неговата посета во САД, каде ќе учествува и на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд и ќе оствари средби со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.
