Донација во пожарната во Тетово

10.05.2014 15:39

Современа опрема за барање и излекување жртви од рушевини, поплави, пожари... во вредност од околу 90 илјади евра, како и противпожарно возило. Ова е опремата што како донација ја добија тетовските пожарникари од своите колеги од Манчестер, Велика Британија.

Противпожарно возило и опрема во вредност од 90 илјади евра донираше британската организација Операција Флоријан за Тетовската противпожарна единица. Британските пожарникари ќе вршат обука за тетовските, со цел да се запознаат со сите перформански на возилото.

„Нашите пријатели и колеги од Велика Британија ќе останат овде за да не обучуваат“, изјави Ука Алити – Командир на ТППЕ Тетово.

Опремата ја предадоа претставници од организацијата „Операција Флоријан“ кои работат со противпожарните единици од повеќе земји во светот.

„Во Македонија сме од 2008 година и досега сме донирале 21 противпожарно возило. Оваа година донираме такви возила за Тетово, но истовремно ги обучуваме противпожарните единици за да ги развиеме нивните техники на спасување при сообраќајни несреќи. Професионализмот на пожарникарите во Македонија за нас е прилично импресивен“, изјави Рој Бараклаф – Претставник на „Операција Флоријан“.

Градоначалникот на Тетово Теута Арифи најави дека со донациите и со општинското финансирање ќе се зголемат капацитетите на противпожарната единица.

„Ова пријателство сега се покажува практично за нашиот град, а во овие рамки и за целата земја“, изјави Теута Арифи – Градоначалник на општина Тетово.

Соработката со британските пожарникари продолжува следниве неколку години. Целта е да се подобрат капацитетите и соработката меѓу противпожарните единици од Велика Британија и Македонија.

 Зоран Јованоски