Македонија

Вонреден инспекциски надзор во битолската болница

11.04.2023 11:32

Според лекарски извори, 24-годишната родилка имала тешко породување, а бебето било извлечено со вакуум, во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето. Обидите на лекарите за негова реанимација биле безуспешни.

По смртта на новороденчето, веднаш по породувањето, а по налог на министерот за здравство Меџити, во битолската болница вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Директорот на болницата Обединковски се повлече од функцијата, од морални причини. Според лекарски извори, 24-годишната родилка имала тешко породување, а бебето било извлечено со вакуум, во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето. Обидите на лекарите за негова реанимација биле безуспешни.

Обвинителството сѐ уште го чека обдукцискиот наод за причините за смртта на 6-годишната Јана, која почина само пет часа откако беше донесена во болница.