Коприва - лек од природата
Семето на копривата пак, е уште полековито од самата билка, па затоа најчесто се користи во приготвување на различни лековити препарати. За јакнење на имунитетот, лекување на анемија и недостиг на железо, лекување на уринарни инфекции, лекување на настинки и против алергиски реакции, има диуретично детство и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење...

Копривата е едно од најлековитите растенија, а како природен лек се користи уште од античките времиња, благодарение на нејзините антимикробни, антиоксидантни, диуретички, лаксативни и атстрингентни својства. Копривата е распространета насекаде.
Семето на копривата пак, е уште полековито од самата билка, па затоа најчесто се користи во приготвување на различни лековити препарати. За јакнење на имунитетот; лекување на анемија и недостиг на железо, лекување на уринарни инфекции, лекување на настинки и против алергиски реакции, има диуретично детство и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење.
Семето од коприва содржи витамини Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар. Може да се купи од Билна аптека или продавници за здрава храна, а можете и сами да го соберете и да го исушите. Семето се собира во август.
Семето од копривата има антибактериско и антивирусно дејство.
Копривата се применува при мускулни грчеви и болки, опаѓање на косата и често мрсење на скалпот. Екстрактот од коприва во козметичката индустрија се користи во средства за нега на косата и кожата. Младите листови од коприва може да се бланшираат, варат и консумираат како другиот лиснат зеленчук. Од младите листови коприва се приготвуваат чорби, супи или може да се користат како фил за пити.
Младите, здрави и сочни листови од коприва се берат од април до август, штом растението ќе достигне висина до 20 см. Се препорачува бербата на листовите да биде во пролет, затоа што тогаш имаат најдобар квалитет.
Коренот од коприва се препорачува при проблеми со уринарниот систем, зголемена простата и болки во зглобовите. Надземните делови на копривата (листовите и стеблото) поволно влијаат при следните здравствени состојби: алергии, анемија, астма и белодробна конгестија, болки и воспаленија во зглобовите остеоартритис, дијабетес, дијареја и дизентерија, заздравување на рани, зголемено лачење желудочна киселина, канцер, исип и егзема, предвремено стареење, прочистување на крвта од токсини, слаба циркулација.
