Македонија
Владата ќе одржи седница
11.04.2023 11:42
Треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот...

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница. Треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела.
За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, соопштуваат од владината прес- служба.
