Карате

На балканскиот шампионат ИТКФ македонската репрезентација најуспешна

11.04.2023 11:49

Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат одржан викендот во Скопје со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали. Медалите се освоени во сите возрасни категории и дисциплини во поединечна и екипна конкуренција...

Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат одржан викендот во Скопје со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали. Медалите се освоени во сите возрасни категории и дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

На Балканскиот шампионат учествуваа 274 каратисти од 6 држави. Македонската репрезентација бореше 80 каратисти.