ПРОТЕЧЕНИ ДОКУМЕНТИ

САД: Министерството за правда почна истрага за објавените материјали од Пентагон

11.04.2023 11:52

Во документите обележани со датуми од февруари до март се споменува и помошта од НАТО за Украина, како и напредокот во доставата на оружјето и опремата. Наведени се и информации за американските сојузници, како Израел и Турција...

САД и Јужна Кореја се согласни дека значителен број на откриените документи од американското разузнавање, вклучувајќи и делови од наводни приватни разговори, се лажни. Министерството за правда почна истрага за материјалите од Пентагон, кои беа објавени на социјалните медиуми.

Во документите обележани со датуми од февруари до март се споменува и помошта од НАТО за Украина, како и напредокот во доставата на оружјето и опремата. Наведени се и информации за американските сојузници, како Израел и Турција.

„Голем дел од откриените информации се фалсификувани, а преоцената е конзистентна. Бидејќи ова е внатрешно прашање на САД, нивното Министерство за правда ќе го истражува инцидентот, а за тоа е потребно време. Двете земји се во разузнавачки сојуз, соработуваме во разузнавачките активности за важните прашања“, изјави Ким Тае-Хјо, заменик-советник за национална безбедност.

„Истрагата само што почна. Не знаеме кој е зад ова. Не знаеме ни кој бил мотивот. Овие информации не се за јавноста, не се за насловните страници на весниците или за телевизиите“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Последниот случај се споредува со објавувањето на илјадници документи на Викиликс во 2013-та година.