Македонија

Болните од цистична фиброза најавија протест после празниците

11.04.2023 12:45

Од Асоцијацијата за цистична фиброза бараат одговор од Министерството за здравство за, како што велат, застојот на сите процедури за обезбедување терапија за пациентите. Тврдат дека од институциите не добиваат одговори кога ќе се реши проблемот. Досега лекот го добиваат само осум најтешко болни, а постапката за законски измени, со цел директна набавка на „Трикафта“ од производителот е заглавена во Собранието...

Работите не се движат како што се договоривме со надлежните, реагираат од Асоцијацијата на пациентите со цистична фиброза. Иако, пред месец дена беа донесени законските измени за набавка на лекот „Трикафта“, ниту една од надлежните институции не направиле чекор напред. Формирана е комисија којашто треба да ги менаџира работите за набавка на лекот, но што сработиле тие, ниту инволвираните институции веќе десет дена не им одговараат на пациентите.

Од Асоцијацијата велат дека од ден на ден се менува состојбата на пациентите, некои што пред месец-два биле стабилни, сега се со влошена состојба.

Ако надлежните ништо не преземат за набавка на лекот „Тикафта“, од Асоцијацијата по празниците, најавија протест. Владата досега обезбеди 2,2 милиони евра за „Трикафта“ за 12 пациенти, кои почнаа со лекувањето.

Наташа Јанчиќ Менковски