Финишираат подготовките за „Макфест“
Гламур, 60.000 евра и спектакл најави министерката з акултура Елизабета Канческа Милевска за „Макфест“. Годинава, 29-тото издание на фестивалот е со целосно нов концепт и сценографија:

По неколкугодишната неатрактивна понуда, годинава Макфест се враќа на старата позиција. Со поддржка на Министерството за култура, ќе се одржи фестивал кој ќе ја етаблира нашата забавна музика со сета свежина за која ќе се погрижи и ревискиот оркестар на МРТВ.
„Убедена сум дека Фестивалот ќе понуди една нова свежина, не само во квантитативна , туку пред се’ во квалитативна смисла. Овој фестивал, како и останатите кои Министерството за култура ги поддржува во својата програма, мора да заживеат, мора да се подигне квалитетот бидејќи тие даваат значителен импулс во културниот развој.“ - изјава Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура
На фестивалсктеи вечери кои ќе се одржат од 5-ти до 7-ми јуни ќе се исполнат 30 копозииции. Најдобрите, ќе добијат високи парични награди.
„20.000 евра за прво место, 15.000 евра за второ, 10.000 евра за трето и две награди од по 3.000 евра за најдобар дебитант и нјадобра сценска изведба.“ - изјава Дарко Мијалковски, директор на „Макфест“
А како ќе се одбере најдобриот ?
„Гласањето ќе оди по систем СМС, значи телеволтинг и на тој начин ќе бидат избрани победниците.“ изјава Трајче Јованов, технички директор на „Макфест“
За првпат годинава изведувачите на Макфест ќе пеат во живо со придружба на ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија:
Оркестарот веќе работи на аранжманите, се’ е во најдобар ред . пените ќе бидат снимени и ќе има едно ЦД од фестивалот.„- изјава Оливер Арсовски, уметнички директор на „Макфест“
Годинава, Макфест ќе се реализира со 10 милиони денари, од кои 7 ќе издвои министерството за култура, а три општина Штип.
Оливера Жежова
