Тридневна жалост во Македонска Каменица по трагичната сообраќајна несреќа во Италија
Македонска Каменица е во тридневна жалост за загинатите сограѓани во Италија кои настрадаа во сообраќајна несреќа на католичкиот Божиќ. Телата на загинатите ќе бидат донесени деновиве, транспортните трошоци ќе ги покрие Македонската црква во Општина Невие, во Италија...

Трагичната вест од Италија, ни ја соопштија наши роднини и пријатели на католичкиот Велигден. Скршени сме од болка, вели роднина на загинатиот Андреј, од село Саса. Вели, секое лето си доаѓаше од Италија, каде работеше последните десет години.
Македонска Каменица е во тридневна жалост за младите сограѓани Андреј Китановски од село Саса и Златко Стоиловски од Македонска Каменица. Граѓаните сочувствуваат со семејствата на загинатите, а локалната самоуправа нуди помош во рамки на ингеренциите,
Помош и поддршка во овие тешки моменти на блиските на загинатиот Влатко Илиев од село Пеклани, најави и градоначалникот на Виница.
Славица Величковска
