Недостиг на медицински кадар во Клиничката болница во Тетово
Без доволно медицински персонал, одделенија, но и лифтови кои постојано се во дефект. Вака подолг период функционира Клиничката болница Тетово. Новозначениот директор на оваа здравствена установа „Плумб Вела“, вели дека потребна е помош од Министерството за здравство за да застане установата на здрави нозе...

Се води како Клиничка болница Тетово, но здравствена помош голем број од пациентите бараат на скопските клиники. Тетовци се жалат дека во установата нема доволно стручен кадар, а за термини чекаат и по неколку месеци.
Новозначениот директор на Клиничката болнциа Тетово „Плумб Вела“, истакна дека со пуштањето во употреба на новиот Ургентен центар изграден пред 10 години, ќе се решат дел од проблемите во установата. Се комплетираат документите за технички прием на зградата, а во меѓувреме ќе се бара и вработување на медицински кадар.
Болницата се соочува и со недостиг на паркинг простор, а од вкупно 6 лифта колку што има установата, функционираат само два, но и тие не се безбедни.
Зоран Димовски
