Македонија

Дигитализирани услугите за жителите на 18 општини

11.04.2023 14:27

Дигитализираните услуги стануваат достапни за над 254.000 граѓани во 11 општини во Источниот плански регион, пет општини во Вардарскиот плански регион, како и во општините Радовиш и Конче...

Жителите и компаниите во 18 општини добиваат пристап до дел од општинските услуги по дигитален пат преку имплементација на LoGeS – првиот софтвер за е-услуги на локално ниво во државата.

Дигитализираните услуги стануваат достапни за над 254.000 граѓани во 11 општини во Источниот плански регион, пет општини во Вардарскиот плански регион, како и во општините Радовиш и Конче. Оваа активност претставува позитивен пример за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку проекти за меѓуопштинска соработка чии носители беа општините Велес, Штип и Радовиш. 

Активноста се реализира во рамки на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој“, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство и со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Платформата LoGeS обезбедува нов и високо технолошки пристап при кој една „поголема“ општина обезбедува ИТ услуги за другите „помали“ локални самоуправи во делот на администрирање и одржување на оваа дигитална алатка.