Во Паркот на поезијата во Струга беседа во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон
Со пригодна беседа „Струшките вечери на поезијата„ денес му оддадоа почит на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Настанот се одржа во Паркот на поезијата, веднаш до дрвото кое поетот го засадил во 1990 година кога беше добитник на Златниот венец. Специјални гости на настанот беа членовите на најблиското семејство, неговата сопруга која е Македонка и нивната ќерка...

„Особено ме радува тоа што се случува во Струга, во Паркот на поезијата затоа што ретки се земји и градови со фестивали со ваков формат којшто како добитници ги имаат најпознатите поети од втората половина на 20-от и првите декади од 21-от век“, вели Тодорче Тасевски директор на „Струшки вечери на поезијата“.
„Тој ја подготви Антологијата на македонската поезија на шпански јазик кон крајот на 80-те години има многу напишани песни посветени на Македонија, Струга и Охрид. Со еден збор тој е врвен интелектуалец од светски рамки“ истакна професор доктор Иван Џепароски.
Специјални гости на настанот беа членовите на најблиското семејство, неговата сопруга која е Македонка и нивната ќерка.
„Благодарна сум на „Струшките вечери на поезијата“ и на Шпанската амбасада кои решија да го направат овој амаж посветен на мојот сопруг кој беше вљубен во Македонија“, рече Клементина Филипова де Хорхе Падрон.
„Тој не беше само голем поет туку една силна врска помеѓу Македонија и Шпанија. Тој беше лик кој го промовираше македонскиот идентитет, култура“, истакна заменик амбасадорот на Шпанија Ернесто Хередеро дел Кампо.
Струга е единствениот град во светот кој има Парк на поезијата каде секој поет лауреат оставил свој белег со тоа што засадил дрво, кое по нивното физичко заминување останува да сведочи за поетскиот дух.
Соња Рилковска
