Претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза ќе бидат вклучени во работната група за набавка на лекот
Во Министерството за здравство денес беа примени на разговор претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза...

Во Министерството за здравство денес беа примени на разговор претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза.
Како што информираат од Министерството, целта на дискусијата беше запознавање со процесот со кој М3 веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот.
Претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија, стои во соопштението.
