Косово

Косовската полиција со демант за вмешаност во ранувањето на српски државјанин

11.04.2023 14:44

Косовската полиција ги демантираше наводите на одредени српски медиуми дека на северот на Косово полицајци нападнале припадник на српската заедница со огнено оружје...

Косовската полиција ги демантираше наводите на одредени српски медиуми дека на северот на Косово полицајци нападнале припадник на српската заедница со огнено оружје.

Полицијата преку соопштение, наведува останува посветена на брза истрага и расветлување на случајот со ранувањето на едно лице, кое е на лекување во болничкиот центар во северна Митровица. Според лекарите тој е надвор од животна опасност.

Српска листа, водечката партија на косовските Срби, оценува дека специјалните единици на северот на Косово дејствуваат „незаконски“.