Ревизија
ДЗР: МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја
11.04.2023 15:03
МЕПСО за потребите на трговците со струја ги влечела потребните количества од европската мрежа. За ова, на вкупно четворица трговци доставила фактури во вкупен износ од 14 милиони евра...

На самиот старт на енергетската криза, МЕПСО за потребите на трговците со струја ги влечела потребните количества од европската мрежа. За ова, на вкупно четворица трговци доставила фактури во вкупен износ од 14 милиони евра.
Државниот ревизор констатирал дека со одлука на Управниот одбор, МЕПСО го отпишува овој долг, а го книжи како сопствен трошок, кој потоа го прикажува во Регулаторна и кој има влијание во утврдување на крајната цена која треба да ја плаќаат домаќинствата. Лани од овие отпишани побарувања, наплатени се само 1,2 милиони евра.
