Студенти од Финки ќе соработуваат со Мозила

10.05.2014 15:53

Студенти од Финки ќе програмираат апликации за Мозила , еден од најпознатите светски брендовиво областа на интернетот . Најпрво ќе минат низ обука , а потоа ќе треба  да изработат апликација за првиот фајрфоксмобилен телефон од овој бренд кој на македонскиот пазар ќе се појави кон средината на јуни .

Студенти од Финки ќе програмираат апликации за Мозила , еден од најпознатите светски брендовиво областа на интернетот . Најпрво ќе минат низ обука , а потоа ќе треба  да изработат апликација за првиот фајрфоксмобилен телефон од овој бренд кој на македонскиот пазар ќе се појави кон средината на јуни .

 -Поентата на тоа е да бидат подготвени кога ќе дојде Фајрфокс телефонот во Македонија да бидат подготвени да ги реализираат своите идеи да ги преточат во апликации и да ги понудат на пазарот во Македонија- Игор Стаматовски - преставник на Мозила Македонија 

Ова е нова платформа која допрва ќе дојде во  Македонија и е одлична можност студентите да е запознаат за тоа како се создаваат апликации во Фајрфокс - Иван Стаменов – студент на финки

Квалитетот е она што ги прави македонските програмери  најбарани од странските , но и од домашните компании . Студентите на финки се сигурни дека  дипломата ќе им донесе сигурно вработување .

Се гледам вработена тука дома во Македонија не во странство. Сметам дека има доста компании што нудат вработување за студентите од овој кадар и секако добра заработувачка

Странските компапнии од ај ти технологијатата  секојдневно ги скренираат студентите  вели деканот  на ФИНКИ Трајанов . Одлуката за инвестицијата ја донесуваат откако ќе го утврдат квалитетот на  македонските информатичари.

Финки денеска ги отвори вратите за матурантите .Интересот кај нив и годинава огромен . Мотивирачки за идните студенти е што ај ти секторот има најдобра  заработувачката.Само за пример еднаапликација која има задача да ве потсети каде сте се паркирале , колку сте далеку од вашиот автомобил се заработува по 13 000 долари месечно . - Димитар Трајанов – финки

Викторија Тодоровска