КСЗД: Земјоделките дискриминирани, МЗ да подготви и предложи измени на Законот за здравствено осигурување
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди нерамноправен третман кон земјоделките во остварувањето на правото на платено породилно отсуство, но и во остварувањето на правото на платено боледување. Комисијата препорача Министерството за здравство да подготви и предложи измени на Законот за здравствено осигурување...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење со кое е утврдена индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација кон земјоделците и земјоделките во остварување на правата согласно Законот за здравствено осигурување и тоа правото на надомест во случај на боледување, бременост, раѓање и мајчинство. Комисијата препорача Министерството за здравство да подготви и предложи измени на Законот за здравствено осигурување.
Мрежата за заштита од дискриминација, пак, подготви Предлог-решение со кое бара од Министерството за здравство или од Собранието да се донесат измени според кои земјоделците ќе добијат право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство, каде основицата за пресметка на надоместокот е нето износот на минималната плата.
