Велика Британија
Штрајк на младите лекари во Велика Британија, бараат повисоки плати
11.04.2023 16:44
Младите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк со барање за повисоки плати...

Младите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк со барање за повисоки плати.
Синдикатот на лекарите, Британската медицинска асоцијација (БМА) бара зголемување на платите за 35 отсто.
Од БМА тврдат дека платите на членовите на тоа здружение се намалени за 26 отсто поради инфлацијата во период од 15 години.
Штрајкот на помладите лекари уследи по минатомесечниот тридневен прекин на работата на британските лекари.
