Собрание

Проектот со коридорите предизвика бурна расправа

11.04.2023 17:06

Што ветија, тоа и направија. Пратениците од опозицијата предлагаат десетици амандмани на измените на Законот за работни односи поврзани со зголемениот број часови за работниците од проектот со коридорите во западна Македонија. Невозможно е да се работи и во недела, во седмицата и дваесет часови повеќе-став на опозицијата. Можно е отворање предмет-најавија од Комисијата за антидискриминација...

Во напната атмосфера со многу дофрлувања од пратениците на власта и опозицијата почна седницата на Комисијата за труд и социјална политика за измени во Законот за работни односи.

Тоа што го вети опозицијата и го оствари го блокираше усвојувањето на дневниот ред со бројни процедурални забелешки.

Претседателот на Комисијата Елми Азири, безуспешно се обидуваше да продолжи расправата тврдејќи дека седницата е закажана по деловникот.

Игор Јадровски, член на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, најави испитување на случајот. Во меѓувреме, додаде тој, ако до Комисијата пристигне претставка од граѓани, тогаш би се постапувало по Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Опозицијата најавува поднесување над 1.100 амандмани за зголемување на работната недела од 40 на 60 часа за работниците, како и работа во недела.

 

 

Игор Панов