Се уште има новозаболени од мали сипаници

10.05.2014 15:56

Се уште има новозаболени од мали сипаници,односно морбили во Македонија.Месецов се регистрирани десет новозаболени, а од 24-ти март, кога беше прогласена епидемија на морбили во Скопје, па досега регистрирани се 107 случаи на заболени со мали сипаници.Од вкупниот број заболени 63 лица, односно 58,8 отсто се возрасни над 20 години, а 36 се деца помали од една година, што значи дека не се заболени деца што не подлежат на вакцинација.повеќето заболени не се воопшто вакцинирани,велат надлежните.Се уште се на сила мерките за заштита, односно невакцинираните да се вакцинираат и да се изолираат бо

Се уште има новозаболени од мали сипаници,односно морбили во Македонија.Месецов се регистрирани десет новозаболени, а од 24-ти март, кога беше прогласена епидемија на морбили во Скопје, па досега регистрирани се 107 случаи на заболени со мали сипаници.Од вкупниот број заболени 63 лица, односно 58,8 отсто се возрасни над 20 години, а 36 се деца помали од една година, што значи дека не се заболени деца што не подлежат на вакцинација.повеќето заболени не се воопшто вакцинирани,велат надлежните.Се уште се на сила мерките за заштита, односно невакцинираните да се вакцинираат и да се изолираат болните кои се заразени со мали сипаници.