Германија
Германија ја протерува амбасадорката на Чад
11.04.2023 18:08
Германските власти денеска наредија на амбасадорката на Чад да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти германското Министерство за надворешни работи...

Германските власти денеска наредија на амбасадорката на Чад да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Како одговор на неоснованото протерување на нашиот амбасадор во Чад, денеска ја повикавме амбасадорката на Чад во Берлин, Маријам Али Муса, да ја напушти Германија во рок од 48 часа. Жалиме што дојде до ова, се наведува во соопштението на германското МНР.
Германскиот амбасадор во Чад, Гордон Крике беше прогласен за „персона нон грата“, како што тврди германското МНР, поради неговите коментари за политичката ситуација во Чад.
