македонија
Регистрирани два земјотреси во Штип и околината
12.04.2023 08:20
Два земјотреси со магнитуди од 3 и 2,1 според Рихтеровата скала се регистрирани рано утринава, во 03:24 часот и 04:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија рано утринава регистрираше два земјотреси 70 км југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 03.24 и 04.11 часот и биле со магнитуди од 3 и 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.
