Временска прогноза

Променливо облачно време со сончеви периоди

12.04.2023 08:32

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд...

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната утринска температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде 5 степени, а максималната дневна 18 степени.