Вонредна состојба во Италија поради миграните
Италијанската десничарска Влада прогласи вонредна состојба поради зголемените мигрантски бранови преку Средоземно Море. Мерката ќе биде во сила 6 месеци...

Италијанската десничарска Влада прогласи вонредна состојба поради зголемените мигрантски бранови преку Средоземно Море. Мерката ќе биде во сила шест месеци, а премиерката Мелони бара исплата од пет милиони евра за областите каде што пристигнува најголем број од карваните на југот на Апенинскиот Полуостров.
Според Владата, дел од финансиите ќе се користи за отворање на нови прифатни центри. На Лампедуза се сместени над 1.600 мигранти што е далеку повеќе од предвидениот капацитет.
„Се очекува трансфер на околу 400 мигранти за да се создаде простор. Имаме многу жени со деца, а и малолетници без придружба. Состојбата е алармантна, екипите се обидуваат да направат сè што можат за да се задоволат основните барања“, изјави Лорена Торторичи - директор на мигрантскиот центар на Лампедуза.
Само за велигденскиот викенд, во Италија стигнале околу 2.000 бегалци чијашто почетна станица бил северноафриканскиот брег. Меѓу нив, имало и многу малолетни лица.
