Азербејџан

Нов судир со Ерменија и Азербејџан, има жртви

12.04.2023 09:06

Ерменија и Азербејџан со меѓусебни обвинувања за отворање оган врз спорниот регион Нагорно-Карабах во најновиот судир во кој загинаа седум војници, двете некогашни држави од Советскиот Сојуз, се во постојан конфликт со децении...

Ерменија и Азербејџан со меѓусебни обвинувања за отворање оган врз спорниот регион Нагорно-Карабах во најновиот судир во кој загинаа седум војници. Соседните земји, и двете некогашни држави од Советскиот Сојуз, се во постојан конфликт со децении, поради контролата врз територијата која е меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но е со мнозинско ерменско население.

Русија испрати мировен контингент од илјадници војници во регионот во 2020 година, како дел од договорот за ставање крај на повеќенеделните борби кои однесоа илјадници животи, а Азербејџан оствари значителни територијални придобивки.