ВМРО-ДПМНЕ: Груби и доделил државно земјиште на сопругата на Ковачевски за 70 денари по квадрат
Ковачевски се прави „наудрен“. Ако неговиот ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на функција. Аргументите од типот „не сум од овде“ не поминуваат кај никого, велат од партијата...

Владата на Ковачевски и овозможи богатење на сопругата на Ковачевски. Тоа е жалната реалност во која живееме. Додека народот осиромашува, функционерите од власта и нивните семејства се богатат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат, во ниту една земја членка на Европската Унија сопруга на премиер не добива бизнис повластици и не добива државно земјиште за едно евро. Е токму компанијата на сопругата на премиерот со Одлука на владата, предводена од нејзиниот сопруг, добила можност да купи 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за метар квадратен. Ковачевски се прави „наудрен“. Ако неговиот ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на функција. Аргументите од типот „не сум од овде“ не поминуваат кај никого.
Ковачевски исто вака се однесуваше и кога излезе информацијата дека сопругата му влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а сега згора на се добива земјиште со потпис на Груби и истиот Ковачевски пак се прави изненаден. Со Груби очигледно си чуваат грб, односно он нему му помага за скандалите, овој и дава бизнис повластици на жена му, соопштуваат од партијата.
