Македонија

Осумгодишно дете од Скопје почина по напад од куче

12.04.2023 09:26

Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде што го чувале кучето, по што било нападнато.

Осумгодишно дете од скопската населба Пинтија почина по напад од куче од расата Англиски Бул Мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато.

Детето со тешки телесни повреди е префрлено во Градската општа болница каде починало.

- Вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.