Македонија

Отворање советувалиште за жртви на семејно насилство

12.04.2023 09:37

На настанот ќе биде потпишан и меморандум со Министерството за внатрешни работи за соработка кон изнаоѓање решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување безбедна околина и ресоцијализација на жените и децата...

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе отвори советувалиште за жртви на семејно насилство.

На настанот ќе биде потпишан и меморандум со Министерството за внатрешни работи за соработка кон изнаоѓање решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување безбедна околина и ресоцијализација на жените и децата.

НСРР повеќе години работи на унапредување на женските права, елиминирање на дискриминацијата на жените во општеството и семејството, развојот и мирот и против насилството врз жените.