македонија

Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари средба со Џејмс Рубин

12.04.2023 09:47

Џејмс Рубин-специјалниот пратеник на американскиот државен секретар Блинкен за глобален ангажман е во земјава...

Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари средба со Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент. Џејмс Рубин-специјалниот пратеник на американскиот државен секретар Блинкен за глобален ангажман е во земјава.

Посетата во регионот му е со цел справување со хибридните закани и дезинформациите. Рече дека заедничкиот пристап во битката со дезинформациите е најдобар модел.

Имаше средби со министерката за одбрана Петровска и со премиерот Ковачевски. Денеска ќе се сретне и со шефот на државата Пендаровски.