Продолжува расправата за измените на Законот за работни односи поврзани со изградбата на коридорите
Расправата почна вчера, а опозицијата побара да биде прекината, бидејќи, според нив, истата е беспредметна. Сметаат дека на овие измени треба да им се посвети поголемо внимание...

Комисијата за труд и социјална политика денеска во 13 часот треба да продолжи со расправа по Предлог- измените на Законот за работни односи кои се дел од пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-Д.
Расправата почна вчера, а опозицијата побара да биде прекината, бидејќи, според нив, истата е беспредметна. Сметаат дека на овие измени треба да им се посвети поголемо внимание и дека е неопходна јавна расправа во која што би учествувале сите засегнати страни.
„Левица“ има поднесено над 1.000 амандмани.Амандмани најавија и ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна партија.
Од Владата вчера појаснија дека измените на Законот за работни односи се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес и со нив се овозможува опцијата за подолга работна недела и недела работен ден исклучиво само за вакви градежни работи за што се обезбедува и писмена согласност од самиот работник.
