Култура
„Добредојде во Скопје“- изложба по повод 150 години Македонски железници
12.04.2023 10:17
Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес...

Вечерва во 19.30 часот во Музеј на Град Скопје по повод одбележувањето на 150 години Македонски железници, ќе биде отворена изложбата „Добредојде во Скопје“.
Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес. Изложбата е збогатена со амбиент и витрини во кои се поставени музејски предмети од фондот на Музејот на Град Скопје.
Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар.
