Формула 1

И на запад ништо ново

10.05.2014 16:14

И на исток  и на запад, ништо не се менува. Мерцедес доминантно мина низ квалификациите и во пресрет на 5-тата трка сезонава. 4-та пол позиција за Луис Хамилтон во 65-от шампионат, 34-та во кариерата, надополнета со второ време на Росберг за потврда дека и по тринеделната пауза по источната турнеја ништо не се сменило во соодносот на силите во формула 1 првенството. Перфомансите на сребрените стрели најавуваат дека меѓу нив ќе се бара и победникот на шпанското гран-при, а сите други ќе се борат за поените што ги носат пласманите од 2-то до 10-тото место.

И на исток  и на запад, ништо не се менува. Мерцедес доминантно мина низ квалификациите и во пресрет на 5-тата трка сезонава. 4-та пол позиција за Луис Хамилтон во 65-от шампионат, 34-та во кариерата, надополнета со второ време на Росберг за потврда дека и по тринеделната пауза по источната турнеја ништо не се сменило во соодносот на силите во формула 1 првенството. Перфомансите на сребрените стрели најавуваат дека меѓу нив ќе се бара и победникот на шпанското гран-при, а сите други ќе се борат за поените што ги носат пласманите од 2-то до 10-тото место. А за нив во најдобра позиција се Рикардо на Ред Бул и одличниот Ботас со Вилијамс  кои ќе стартуваат од вториот ред, Гросжан го врати Лотус меѓу првите 10 и со Раиконен го комплетира третиот ред, а меѓу првите 10 се и Алонсо, Батон, Маса и Фетел.Актуелниот шампион не успеа да постави време во завршниот дел од квалификациите откако како и вчера застана неговиот болид, а црвено знаме беше истакнато и  на стартот на сесијата по излетувањето на Малдонадо кој уништи уште еден болид на Лотус, па продолжија шегите дека неговите спонзорски пари не се доволни само да ја покрие штетата што ја прави.

Трката за големата награда на Шпанија на патеката Каталуња е утре од 14 часот со пренос на МРТ собранискиот сервис.